На 18 и 19 април 2024 во Брисел се одржа Годишното собрание на АСЕ Architects' Council of Europe, Европскиот Совет на Архитекти, чија членка е Комората на овластени архитекти и овластени инженери почнувајќи од април 2023 година.
На првиот ден од настанот беше одржана конференција под наслов „Споделување заеднички вредности: Интернационализација на архитектонската професија и Новиот Европски Баухаус“. На конференцијата архитекти од сите континенти и имаа прилика да проговорат за состојбите во струката во своите земји, како и да ги споделат искуствата и предизвиците со кои се справуваат за подобрување на статусот на архитектот.
Повеќе: Одржано Годишното собрание на АСЕ Architects' Council of Europe