Печати

MD webПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА
ПРОФ. Д-Р МИЛЕ ДИМИТРОВСКИ, ДИПЛ.МАШ.ИНЖ.

Мандат: 2016 - 2020

Д-р   Миле Димитровски е поранешен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј кој после 38 години се откажа од работното место редовен професор со втор реизбор на Машинскиот Факултет на Институтот за термичко инженерство, и после изборот за преседател се вработи со постојано работно време во Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија. Повеќе...

 


Blasko Dimitrov web

ПРЕТХОДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА
М-Р БЛАШКО ДИМИТРОВ, дипл.град.инж.

Мандат: 2012 - 2016

М-р Блашко Димитров, дипл. град. инж. е поранешен претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, со работно искуство повеќе од 35 години. Учесник е во проектирање, ревизија, изведба и надзор на повеќе објекти во Република Македонија, од кои позначајни се РОЦ Тораница, ХЕЦ Козјак, ХС Лисиче, ХЕЦ Св. Петка, ФЕНИ и др. Учесник е со свои трудови на повеќе од 20 меѓународни конгреси од областа на градежништвото.

Strahinja Trpevski web

ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА
Д-Р СТРАХИЊА ТРПЕВСКИ, дипл.инж.арх.

Мандат: 2008 - 2012

Д-р Страхиња Трпевски, дипл. инж. арх. е прв претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, кој во текот на својот професионален ангажман има учествувано на бројни научни собири, конференции, форуми, тркалезни маси, семинари во земјата и странство. Исто така, како тим лидер, со меѓународни и домашни експерти работел на Националната Стратегија за развој на градежништвото на Црна Гора до 2020 година и соработувал на реализација на проекти со меѓународните институции Светска Банка, УНДП, ОЕЦД, ЕБРД, ЕИБ, ЈИЦА, ГЕФ и КфВ. Ко-автор е на три книги објавени за областа на Енергетската Ефикасност, Соларната термија и Фотоволтаични постројки објавени за потребите на Германскиот центар за ЕЕ во Македонија при ФБЕ.