Во презентираните трудови и дискусиите кои се развиваа по нив се наметнува еден генерален став во членството на ХКИЕ дека е неопходно редефинирање на структурата на проектите за фаза електрика во смер на интеграција на електриката со командните фази на машинството, автоматиката, автоматизацијата на процесите со тенденција на постојано унапредување на заштедата на електричната енергија.
Членството на ХКИЕ е сериозно загрижено од можноста да електротехничарите да можат самостојно да раководат со изведбата на електричните инсталации во поедноставни градби. Пред се заради недефинираната граница на тоа што подразбира придавката “ поедноставни градби”. Овој став кон работните процеси се идентификува во повеке земји во Европа па затоа прашањето на неговата имплементација директно влијае на обемот на работата на овластените инжинери.
Една од главните смерници на развој на проектирањето се предвидува дека е и ке биде БИМ софтверот за 3Д проектирање и технолошко унапредување, споредување и архивирање на објектите. Иако овој софтвер базично наликува на надградба на нему сличните 3Д+ софтвери, тој располага со можноста за комплетно просторно дефинирање на сите фази во проектот со укажување на конфликтни зони, изработка на прецизен предмер и трошковник со можност на архивирање на секоја промена и доработка во фаза на експлоатација на објектот.
Фотографии