Библиотека и публикации

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Cert Logo DAS 9001 web

 

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ број 40 се издаде заедно со списанието ПОРТА3. Од наредниот број продолжуваме со стандардната самостојна издавачка политика.

Преземи го бројот

MONOGRAFIJAЈубилеиите, на своевиден начин, се фатено време во просторот заради зачувување од заборавот на вредностите кои ни се битни. Тие се знак на поблиското или подалечното минато, а во нашиов случај тоа е десетгодишнината од работата на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија. Дали 10 години се малку или многу работа, тешко е да се каже. Тоа е четвртина од работниот век на еден инженер.

Десетгодишнината од работата на Комората ја одбележуваме со издавање на оваа монографија, а јубилејот го обележавме и со голема прослава. Во празнотијата да се создаде дело, здание, творба. Да се исполни просторот и да се „оживее“ просторот. Да му се даде „живот“ на замисленото. Сето ова е фасцинантно и е фундамент што ги обединува сите архитекти и инженери – поривот да се создаде.

Од теорија до пракса, од проекти до практична реализација, од инженер почетник до врвот на професијата, од идеја до решение, „од ништо до нешто“. Токму вака може да се опише процесот на создавањето. 

Потребата да се остави трага, желбата да се зачуваат многу факти, да се споменат многу учесници, збиднувања, случки. Желбата да се овековечи едно време во кое се создаваше и функционира нашата институција.... Така се создаде и оваа Монографија на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Со макотрпна, скоро едногодишна работа на уредувачкиот тим и со голема помош на членовите на актуелниот состав на Управниот одбор на Комората.

Оваа книга, во десет заокружени поглавја, ги набројува највредните резултати и настани во изминативе десет години.
Монографијата е во Вашите раце.

Комората продолжува со работа до својот нареден јубилеј ...
Скопје, февруари 2018

Image result for pdf iconПревземи [PDF]