×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Овластените инженери – Регулирана професија

Pin It

Работни средби со Стела Царцара (Stella I. Tsartsara), раководител на проект "Opportunities the EU Single Market and the EC Directive on Mutual Recognition of Professional Qualifications" од Lattanzio group

20170728 103641 001

Веќе две години во Mакедонија се одвиваат активности на неколку проекти во врска со образовните квалификации и регулираните професии. Од време на време некои од водителите на проектитe се јавуваа за разговор во Комората но ништо значајно не е постигнато во претходните две години. Комората пред една година до сите водители на проекти од овој вид  поднесе предлог и во фаза на драфт како излезен резултат од  проектот се предлага до МОН овластените инженери да се вклучат во листата на регулирани професии.

Најсериозен пристап во овој поглед има проектот, раководен од Lattanzio group, со наслов "Opportunities the EU Single Market and the EC Directive on Mutual Recognition of Professional Qualifications".

Покрај другите професии проектот се фокусира на инженерските професии и меѓународното валоризирање на инженерите но и на валоризација на издадените инженерски овластување од Комора на овластени архитекти и овластени инженери.

После преземањето на активностите во мај 2017 од координаторот Стела Царцара, се интензивира соработката со претседателот  на Комората и веќе е во завршна фаза предлогот со кој (покрај архитектите кои се веќе во листата) и овластените инженери од КОАИ  дефинитивно ќе бидат вклучени во предлог - листата на регулирани професии.

За финализација на проектните активности на 11 Август во Хотел Квин се одржа работна средба - тркалезна маса со заклучоци, на 10 Септември е закажан меѓународен собир во Скопје, за дискусија за регулитаните професии каде покрај другите учесници во проектот key-speaker  ќе биде и претседателот на Комората Проф д-р Миле Димитровски, а на 18 Октомври во рамките инженерската недела во Македонија, ќе се одржи Симпозиум за образовните квалификации и регулираните професии на инженерите под покровителство на Министерот за образование и наука и ректорот на УКИМ , каде како презентери ќе се вклучат, генералниот секретар на ФЕАНИ, Претседателот на комората на архитекти на Бугарија, Потпретседателот на ЕЦЕЦ од Полска, Членот на ИО на ЕЦЕЦ од Италија и претседателот на КОАИ  на РМ.   Ќе се споделат искуствата од меѓународното признавање на инженерските овластувања.

Во завршната фаза од проектот ќе се изготви листа на регулирани инженерски професии, која треба да се усвои од Собранието на Република Македонија во текот на месец ноември 2017. "