Одржлива и зелена архитектура

Едукација
Датум: 05 Мај 2020

Локација: Сала за конференции на Комора ОАИ

Одржливата и зелената архитектура е архитектура која има за цел да го минимизира негативното влијание врз животната средина на зградите преку ефикасност и умереност во употребата на материјали, енергија и развој на просторот и општо во екосистемот. 

Одржливата и зелената архитектура користи свесен пристап кон енергијата и еколошката конзервација во дизајнирањето на изграденото опкружување. 

Енергетската ефикасност во текот на целиот животен циклус на една зграда е најважната цел на одржливата архитектура. Архитектите користат многу различни пасивни и активни техники за да ги намалат енергетските потреби на зградите и да ја зголемат нивната способност за зафаќање или генерирање на сопствена енергија. 

Еден од клучевите за експлоатација на локалните ресурси во животната средина и влијанието врз факторите поврзани со енергијата, како што се дневната светлина,  сончевите зраци на топлина и вентилацијата е употребата на анализа на локацијата. 

Со подобрување на ефикасноста на зградите и заедниците, значително ќе ги намалиме емисиите на стакленички гасови, ќе придонесеме за поздрава и почистамживотна средина, подобро физичко и ментално здравје, зголемена продуктивност и удобност, како и финансиска добивка и заштеда на пари. Со тоа ќе ги задоволиме и барањата на трите столба на одржливоста (Triple Bottom Line)и придобивките од таа ефикасност би можеле да се видат во еколошката, економската и социјалната компонента. 

Познавањето на принципите на проектирање на зелена и одржлива архитектура и практичната примена на овие принципи се од огромноп значење за секој архитект,  урбанист и инженер вклучен во процесот на проектирање на објекти. Предвидени се 3  посебни панели на предавања и тоа на теми: Принципи на одржливо проектирање,  Зелени кровови и Моделирање на енергетски системи (energy modeling) - Дизајн на обвивката на објектите.

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.