Настани и конференции

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

18ти Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2019)

Домашни
Датум: Среда, 02 Октомври 2019 - Сабота, 05 Октомври 2019

Локација: Охрид

18ти Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2019) ќе се одржи од 2. до 5. октомври, 2019 во Охрид, Македонија. Симпозиумот ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на досегашната практика и на најновите достигнувања во областа на следење и испитување на конструкциите, конструктивното моделирање, методите за оценување на состојбата, како и примената на современи материјали за санација на конструкциите.

Главна цел на симпозиумот е да обезбеди форум, каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото. Повикани се да учествуваат сите градежни конструктори и студенти, како и истражувачи од сродни области.

Тема на симпозиумот ќе биде СЛЕДЕЊЕ, ПРОЦЕНА И САНАЦИЈА НА КОНСТРУКЦИИ

Повеќе информации за симпозиумот можете да најдете директно кај организаторот или на веб страната на ДГКМ

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.