Локација: Сала за конференции на Комората
Во соработка со Здружението на проект менаџери PMI Macedonia Chapter, во просториите на Комората ќе се одржи презентација на тема примена на проекетен менаџмент во градежништвото и има за цел да ги запознае учесниците со можноста за системско водење на проекти во градежништвото.
Исто така, ќе биде ставено акцент на препознавање на разните процеси во градењето, запознавање со основните области на знаења потребни при раководење на проектите.
Покрај тоа, слушателите ќе можат да слушнат информации со кои ќе можат да направат паралела меѓу секојдневната пракса и нормираните процеси при водење на проекти.
Предавач: Горанчо Аговски (преземи кратка биографија во делот за дополнителни информации)