Настани и конференции

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Еднодневен семинар во Битола: „Што уредуваат Законот за градежни производи и нацрт националните стандарди од нехармонизираното подрачје?“

Домашни
 Завршено пријавување
 
32
Датум: Вторник, 03 Декември 2019 13:00

Локација: Амфитеатар на Технички факултет Битола

Законот за градежни производи („Службен весник на РМ“, бр. 120/2018) поред хармонизираното подрачје ги уредува и  условите за пуштање на пазар на градежните производи од нехармонизирано подрачје, условите при увоз на градежните производи, како и роковите за нивна подготовка и нивна задолжителна примена.

Важно е да се нагласи дека со одредбите на Законот и понатаму се уредува надзор и контрола на градежниот производ, како на пазарот така и при вградување на истиот во градежниот објект кој е во надлежност на надзорниот инженер на градилиштето.

Посебно се регулира контролата на производите, односно документите кои се неопходни за пласман на производот на пазарот од хармонизирано и нехармонизирано подрачје како и контролата при нивното вградување  во градежниот објект.

Согласно член 8 од Законот, од страна на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, изработени се национални македонски стандарди кои го покриваат нехармонизираното подрачје.

Нацрт македонскиот стандард Н МКС 1021:2019 Челик за армиран бетон: прачки, котури и производи добиени со одмотувањена котури – Карактеристики, кој е изработен од страна на ИСРСМ ТК 25, ги наведува барањата на челик за армирање, што може да се заварува и што се користи за армирање бетонски конструкции. Стандардот вклучува челик во вид на прачки, котури и производи добиени со одмотување на котури. Стандардот содржи одредби за две класи на челик со карактеристична јакост при развлекување од 500 MPa, но со различни класи на дуктилност. Двете класи се B500B и B500C.

До 30 ноември 2019 година, секој кој е заинтересиран може да гласа и да даде свој коментари по нацрт стандардот со креирање на „Мој профил“ преку страничката на ИСРСМ.

  Имплементацијата на стандардите, се очекува да придонесе  зголемена ефикасност на контролата на градежните производи и спречување на нелојалната конкуренција на пазарот.

Согледувајќи го овој факт, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија во соработка со Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија го организира овој семинар за стручни лица заинтересирани за подетално запознавање или надополнување на своите знаења во оваа многу значајна област.

Обучувачи на семинарот ќе бидат д-р Соња Черепналковска, дипл. град. инж., раководител на секторот за стандардизација при Институтот за стандардизација на РСМ, вон.проф.д-р Тони Аранѓеловски, претседател на ИСРСМ ТК 25-Бетон, производи од бетон и ѕидарија и доц.д-р Денис Поповски, член на ИСРСМ ТК 25/РГ 5.

 

Слободни места
118
Број на места
150
E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Листа на учесници

Блаже ТрајковскиБлаже Трајковски (1)
Милена Шундовска ЧетелеваМилена Шундовска Четелева (1)
Александар СилјановскиАлександар Силјановски (1)
Зоран СтефановскиЗоран Стефановски (1)
Златко НиколовскиЗлатко Николовски (1)
Никола ЖуровскиНикола Журовски (1)
Сребре ВеликичевскиСребре Великичевски (1)
Валентина ШундовскаВалентина Шундовска (1)
ПЕТАР ГРЕГОВСКИПЕТАР ГРЕГОВСКИ (1)
Софија СилјановскаСофија Силјановска (1)
Борче ГалевскиБорче Галевски (1)
Никола КузмановскиНикола Кузмановски (1)
Борис СтерјовБорис Стерјов (1)
Методи СилјановскиМетоди Силјановски (1)
Константин АНАСТАСОВКонстантин АНАСТАСОВ (1)
Благојче ЦветковскиБлагојче Цветковски (1)
Дејан ЈуракДејан Јурак (1)
ОливераТодоровскаОливераТодоровска (1)
Билјана МитевскаБилјана Митевска (1)
Снежана Бутлевска ВасилевскаСнежана Бутлевска Василевска (1)
Јован ДојчиновскиЈован Дојчиновски (1)
Благој ВржовскиБлагој Вржовски (1)
Љупчо ЧачовскиЉупчо Чачовски (1)
Христијан АтанасовскиХристијан Атанасовски (1)
Илија ПетровскиИлија Петровски (1)
Игор НикодиновИгор Никодинов (1)
Васко ПетровскиВаско Петровски (1)
Гоце ДамјановскиГоце Дамјановски (1)
Никола ЏаковНикола Џаков (1)
Зорица ПоповаЗорица Попова (1)
Милена КарловскаМилена Карловска (1)
Лиљана НајдовскаЛиљана Најдовска (1)