3. Интернационална Конференција од областа на сообраќајот и транспортот

Меѓународни
Датум: Четврток, 28 Мај 2020 - Сабота, 30 Мај 2020

Локација: Технички факултет Битола

Во име на Факултетот за технички науки, на мое големо задоволство ги поканувам научниците, академиците, младите истражувачи, професионалците и студентите, да присуствуваат на 3. Интернационална Конференција од областа на сообраќајот и транспортот, насловена како „Транспортот за денешното општество“.

Областа на сообраќајот и транспортот се соочува со големи предизвици. Иако тие се разликуваат според нивото на транспортен систем како целина, во суштина постојат две прашања што ги загрижуваат научниците и практичарите. Контролирањето на климатските промени и обезбедување можности на луѓето за ефикасно и непречено патување и транспорт, се клучните проблеми со кои се соочува денешниот транспортен систем.

Оваа конференција е дизајнирана да ги промовира најновите достигнувања, погледи и искуства поврзани со горенаведените предизвици. Покрај тоа, планирано е да се опфати и разновидност на теми, почнувајќи од многу фундаментални теми како и начини за практична примена на напредни мерки за подобрување.

Со надеж дека овој настан ќе даде придонес кон понатамошен развој во областа на сообраќајот и транспорт, Ве поканувам на оваа конференција и со нетрпение очекувам Ваше учество.

Професор д-р Марија Маленковска Тодорова,
Претседател на Комитетот за организација на конференцијата

 

Телефон
+389 47 207702
E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.