Втора Конференција за хидројаловишта

Едукација
Датум: Петок, 21 Октомври 2022 - Сабота, 22 Октомври 2022

Локација: хотел Оаза, Штип

Во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ) на 21 и 22.10.2022 година во хотел Оаза, Штип ќе се одржи Втората Конференција за хидројаловишта. На 22.10.2022 (сабота) е предвидена стручна посета на брана со придружни објекти.

Котизацијата за учество на Конференцијата изнесува 1,500 денари (или 25 €) и вклучува учество на Конференцијата, Зборник на трудови, коктел, ручек и освежување во паузите. Уплатата на котизацијата се врши на жиро сметка: 300000001888141 ЕДБ/МК: 4030002505887 Комерцијална банка АД – Скопје.
За навремено планирање на организационите активности за конференцијата се замолуваат учесниците да ја извршат уплатата на котизацијата заклучно со 15.10.2022 година.
Покрај членовите на ЗМКГБ и на националните комитети за големи брани од регионот, за учество на Конференцијата се поканети сите што се инволвирани во Инженерството за брани и хидројаловишта, односно вработени во државни и научни институции, рударски, енергетски, водостопански и комунални претпријатија, како и во градежни и инженеринг компании.
Учесниците на Конференцијата ќе добијат Потврда за континуиран професионален развој од КОАИ бодирана со 3 CPD. Официјални јазици на Конференцијата се македонски и англиски.

Теми на конференцијата
Рефератите за конференцијата, претходно необјавувани, треба да се однесуваат на следните теми:
Тема бр. 1. Истражување и проектирање на хидројаловишта од геолошки, градежен, технолошки и еколошки аспект
Тема бр. 2. Искуства од користење на хидројаловишта и градење на јаловишни брани со придружни објекти
Тема бр. 3. Одржување, оскултација, санација на хидројаловишта во фаза на користење
Тема бр. 4. Ремедијација и рекултивација на хидројаловишта во пост сервисниот период
Тема бр. 5. Регулатива за хидројаловишта

Агенда
21.10.2022, Петок
09:30÷10:30 Регистрација на учесниците
10:30÷11:00 Свечено отворање
11:00÷11:30 Коктел
11:30÷13:00 Работна сесија бр. 1
13:00÷14:30 Ручек
14:30÷15:00 Кафе пауза
15:00÷16:30 Работна сесија бр. 2
16:30÷17:00 Затворање на конференцијата
22.10.2022, Сабота
10:00÷14:00 Посета на јаловишни брани Саса 3-2 и Саса 4
14:00÷15:00 Ручек во М. Каменица

Во делот за дополнителни информации може да го преземете Второто соопштение

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.