Локација: Хотел Мериот
Почитувани членови на Комората,
Имаме особена чест да Ве поканиме на еден исклучителен семинар во организација на Комората и Европската Комисија преку нивниот партнер Laттanzio group, на 18 октомври 2017 година во Хотел Мериот, Скопје од 9.30-16.00 часот.
Тема на целодневниот настан е признавањето на инженерските професионални квалификации во Европската Унија и меѓународниот аспект на инженерската дејност, согласно Европската директива за професионални квалификации.
Обезбедивме еминентни домашни и меѓународни предавачи за семинарот – меѓудругите - Генералниот секретар на Европската федерација на инженерски асоцијации (FEANI) Dirk Bochar од Брисел; Потпретседателот на Европската Асоцијација на инженерски Комори (ECEC) Hansјорg Letzner од Италија; Претседателот на Бугарската Комора на архитекти Борислав Игнатов; претставник од Словенечката инженерска комора.
Напоменуваме дека Европската комисија преку Lattanzio group организира презентација на Директивата за професионални квалификации и на
19 октомври (и за овој настан Комората ќе биде ко-организатор), но тој настан е од општ карактер за сите професионални струки, додека овој настан на 18 октомври организиран од Комората, е модифициран само за инженерските професионални квалификации
Во прилог агендата за настанот.
Детали за настанот и регистрација, најдоцна до 13.10.2017
Место на настанот: Хотел Мериот
Број на слободни места: 90
Краен рок за пријавување: 13 октомври 2017 год. до 12 часот