Настани и конференции

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Конференција Одржливост на Пречистителни Станици за отпадни води во Р. Македонија

Едукација
Датум: Четврток, 12 Април 2018 08:30 - Петок, 13 Април 2018 16:20

Локација: хотел Александар Палас  |  Град: Скопје, Македонија

Здружението за третман на води и отпадни води на Македонија организира Прва Конференција на тема:

Одржливост на Пречистителни Станици за отпадни води во Р. Македонија која ќе се одржи во Скопје на 12 и 13 април 2018 година.

Организацијата на конференцијата е во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, Делегацијата на Европска унија во Р Македонија, Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ Градежен факултет од Скопје, Комората на овластени архитекти и инженери и АДКОМ.

Конференцијата е фокусирана на јавните комунални претпријатија кои имаат изградено, се во фаза на изградба или планираат во блиска иднина да изградат ПСОВ, на кои треба да им се помогне со пренесување на вештини и знаење преку размена на искуствата од функционирањето на ПСОВ во Европа и преку воспоставување на мостови за трансфер на знаење помеѓу Европа и Македонија.

Сакаме да истакнеме дека, Конференцијата е организирана само за поканети гости, кои се во проблематиката на третман на води и отпадни води. Присуство ќе биде дозволено само за регистрирани гости.

Според тоа, за таа цел Ве молиме да се пријавите ја пополните пријавата за учество на конференцијата и истата да ја доставите до организаторот на следната емаил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најкасно до 29.03.2018 год.

Во прилог Ви доставуваме: покана, програма и пријава за конференцијата.

1) Покана [PDF]
2) Програма [PDF]
3) Пријава [PDF]

Ве молиме, за подетални информации посетете ја веб страната: www.atw.org.mk

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса
ХОТЕЛ АЛЕКСАНДАР ПАЛАС
Скопје, Македонија

 

Мапа