Семинар на тема Анализа на ризици кај тунели и управување со нив

Домашни
Датум: Среда, 06 Јуни 2018 08:00 - 18:30

Локација: Хотел Александар Палас  |  Град: Скопје, Македонија

Ве известуваме дека на ден 06.06.2018 година, во Хотел Александар Палас во Скопје, со почеток во 8 часот, ќе се одржи Семинар на тема „Анализа на ризици кај тунели и управување со нив“ во организација на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ).

Овој Семинар е дел од активности на 16 Европска Подунавска конференција за геотехника. Предавачите се врвни светски експерти од ITA (International Tunneling Association), вклучувајќи го и нејзиниот претседател Тарцисио Целестино.

Учеството за членови на Комората ОАИ е бесплатно, доколку се пријават на наведената email адреса или преку веб страната.

Овој настан ќе се вреднува и со соодветен број на CPD поени од Комората.

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса
Булевар 8-ми Септември бр. 15
Скопје 1000, Македонија

 

Мапа