Меѓународна конференција „Енергетика 2018“

Домашни
Датум: Четврток, 04 Октомври 2018 08:00 - Сабота, 06 Октомври 2018 12:00

Локација: Охрид

Од 4 до 6 октомври 2018 година во Охрид ќе се одржи Меѓународната конференција „Енергетика 2018“.
Главни цели на конференцијата се да обезбеди размена на знаење, информации, постигнувања и искуства помеѓу експертите од областа на енергетиката од стопанството, приватните компании, истражувачките центри, универзитетите и други заинтересирани страни од Р.Македонија и странство.
Според темите, енергетската заедница ќе ги презентира и дискутира предизвиците со кои се соочуваат енергетските компании, инвеститорите и корисниците во современата пазарно-ориентирана околина.
Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат механизми за надминување на проблемите во енергетскиот сектор и ќе се охрабри меѓусебната соработката на учесниците.

Детали за конференцијата можете да преземете во делот за повеќе информации.

 

Телефон
+389 2 2 401 733
E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Веб