ПРЕСИНГ | 2017 - 2011

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Пресинг 26
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.26

СВЕТЛИНА

Светлината е синоним за нешто возвишено, нешто свето, нешто чисто и брзо, синоним за големи очекувања. Боите, сенките и формите се човекова перцепција на светлината. Животот е незамислив без неа, а таа е извор на енергија, физички феномен како ниту еден друг. Вообичаено се поврзува со видливата светлина за човековото око што е само еден дел од нејзиниот спектар.

Каква е врската на светлината со инженерството ?
И на старите цивилизации им била позната метафизичката врска помеѓу природната светлина и формата. Оттогаш па до денеска, светлината се користи за да се создадат возбудливи простори кои кај човекот предизвикуваат позитивни емоции. Таков пример се црковните храмови и другите сакрални објекти ширум Македонија во кои внатрешната архитектура, иконографската топографија и светлината меѓусебно надополнувајќи се формираат нераскинливо единство. Дали овие стари мајстори на занаетот и градителски тајфи имаат своја достојна замена во модерниот архитектонски израз и третманот на светлината ? 
Вештачкото осветлување е еден од најзначајните архитектонски елементи кои даваат дополнителен ефект на архитектонскиот изразот. Со внатрешното осветлување на ненаметлив начин се подобрува визуелното доживување на просторот. Оттука парадигмата за „Светлосен дизајн„ се издига на ниво на научна и применувачка дисциплина.
Транспарентноста на стаклото ги спојува внатрешниот и надворешниот простор, објектот со околината, а елиминирајќи ја границата создава длабока просторна релација. Современите технологии на производство ја редефинираат и прошируваат неговата примена како материјал со конструктивна и визуелната улога.
Светлината патува со брзина од 300,000 километри во секунда. Денеска се прават сериозни истражувања во кои оваа брзина ќе се користи за безжичен светлосен пренос на податоци. Употребата на оптички влакна низ кои информациите се пренесуваат преку инфрацрвена светлина е веќе широко распространет концепт. Со користење на видливиот дел од спектарот на електромагнетни бранови ќе се зголеми брзината на пренос, но уште позначајно светлосните уреди ќе се претворат во трансмитери, податочни порти насочени кон крајните кориснички уреди, мобилни телефони и компјутери.
Светлината е трансцедентална материја, таа е древна се присутна содржина и форма, нејзиното значење е фундаментално за човековото битисување и егзистенција. Токму затоа 2015 година од УНЕСКО е прогласена за меѓународна година на светлината и технологиите базирани на неа.

Доц. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“