ПРЕСИНГ | 2017 - 2011

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Cert Logo DAS 9001 web

 

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ број 40 се издаде заедно со списанието ПОРТА3. Од наредниот број продолжуваме со стандардната самостојна издавачка политика.

Преземи го бројот

Пресинг 27
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.27

ИНОВАТИВНО ИНЖЕНЕРСТВО

Инженерството е заслужнo за најголемите човекови иновации кои го промениле светот. Тука говориме за оние работи без кои би рекле дека не можеме да го замислиме секојдневниот живот, оние едноставни работи кои се земаат „здраво за готово“.
Потребата е основа на секоја успешна иновација, а креативноста – алатка за нејзина реализација!
Иноваторот низ осмислен процес базиран на претпоставки бара решение кое е предмет на темелно потврдување. Иноваторскиот дух зависи од скептицизмот на иноваторот и неговата подготвеност да се соочи со стереотипите, преиспитувајќи ги постојните процеси, техники и технологии во потрага по подобри решенија. Kонзервативизмот и слепото следење на традиционализмот може да има негативни последици врз професионалната креативност и иновативноста.
Секоја иновација се потврдува преку нејзината примена во праксата. Совршен инженерски продукт е само оној кој создава дополнителна вредност за корисници. Од друга страна, пак, за квалитетни иновации потребни се средства. Во минатото се обезбедувале од мецени – луѓе со
општествена одговорност и алтруизам, а денес со помош на различни фондови и заинтересирани компании. Кај нас од неодамна започна со работа Фондот за иновации и технолошки развој, кој нуди програма што претставува одлична шанса за младите талентирани инженери да се
насочат креативно во развивање на иновации директно ползувајќи од нив. 
Денес претприемачите се организираат во т.н. „акцелератори“ или „инкубатори“ на идеи и производи – услуги за своите ма ли и средни бизниси.
Вообичаено Европската комисија подготвува компаративна споредба на иновацискиот перформанс на државите-членки на унијата, ана лизирајќи низа
индикатори ги групираат во четири групи: иновациски лидери, иновациски следбеници, просечни иноватори и скромни иноватори. Наспроти долгогодишните активности на непрофитабилните здруженија на иноватори, според годинашниот извештај Македонија
спаѓа во групата на скромни иноватори. Како позитивен пример и оваа година во рамките на Макинова 2015 младите иноватори по 36-ти пат се
претставија со околу 80 иновации.
Евидентно е дека промените во инженерско-претприемачкиот амбиент кај нас бавно се одвиваат што значи дека е потребно да се потру диме повеќе.
За почеток доволно е да ја разбереме потребата и корпоративните предности од иновациите, за да инвестираме во вредните идеи и креативните луѓе.
Ова е динамично време на г лобални вредности, време на забрзан научен и техничко-технолошки развој, кој остава мал простор само за најмотивираните и најкреативните.
Размислувајте поинаку!

Доц. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“