ПРЕСИНГ | Година, 2016

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Cert Logo DAS 9001 web

 

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ број 40 се издаде заедно со списанието ПОРТА3. Од наредниот број продолжуваме со стандардната самостојна издавачка политика.

Преземи го бројот

Пресинг 27
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.28

ОДРЖЛИВОСТ

Да се биде „одржлив“ или не – e дилема пред која е исправено човештвото денеска ! За неа многу се дебатира, но за жал малку се прави. Оттука и потребата да потсетиме дека имаме одговорност кон идните генерации да создадеме услови за просперитетна перспектива.
Одржливоста е состојба на постојаност на системите и ресурсите или процесите која се поврзува со многу различни дисциплини и области. За да се обезбеди истата потребно е да се исполнат три основни принципи:социјален, еколошки и економски, без исклучок.

Најчесто одржливостa се поврзува со економијата која влијае врз квалитетот на животот воопшто, но и од социјалниот кој меѓу другото повлекува аспекти од животната средина, урбанистичкото планирање и транспорт. Концептот на одржливо живеење зазема различни облици од уредување на
условите за живеење (на пример: еко-села, еко-општини, одржливи градови и концепти на живеење) до преиспит ување на животните и работните практики (на пример: со користење на пермакултура, зелени градби, урбано земјоделие) или применување на нови технологии кои ќе ја намалат
потрошувачката на природните ресурси како што се технологиите за обновлива енергија (геотермални пумпи, ветерници, сончеви колектори итн).
Од друга страна, одржливиот развој обезбедува постојаност и долготрајна функционалност на процесот без негативно влијание врз ресурсите кои ги користи. Тој треба да ги задоволува потребите на сегашноста без да ја компромитира можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби, што само по себе е оксиморон, состојба која противречи самата на себе.

Во инженерството одржливоста е одамна познат принцип според кој се проектира, гради или создава со децении наназад. Во денешно време таа е посебно експлоатирана во јавноста како глобален тренд за подигање на стандардите за заштита на природни ресурси и животната средина. Многу земји, меѓу кои и Македонија, се потписнички на Декларацијата на ООН, како и таргетите од Самитот на Обединетите нации во 2015 година, во која се презема обврската за одговорно и проактивно донесување на одлуки и иновации преку кои се минимизира негативното влијание и се одржува рамнотежа помеѓу социјалниот, еколошкиот и економскиот раст.

Постигнувањето на глобалната одржливост претставува еден од најголемите предизвици на модерното време според која не е доволно само да се постигне целта, туку и да се задоволат некои пошироки глобални барања. Процесот на краток рок е теж ок и нема да произведе видливи резултати, но на подолг рок е неопходен и ќе доведе до значајни глобални придобивки.
Одржливоста треба да биде животна филозофија, а не само збор. Сите нејзини аспекти рефлектираат кон општествената одржливост во чиј центар се
граѓаните, односно ние, затоа не бидете индиферентни и промените нека започнат од вас!

 
Доц. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“