ПРЕСИНГ | Година, 2016

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Cert Logo DAS 9001 web

 

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ број 40 се издаде заедно со списанието ПОРТА3. Од наредниот број продолжуваме со стандардната самостојна издавачка политика.

Преземи го бројот

Пресинг 31
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.32

„РЕФЛЕКСИИ“

Крајот на годината е период кога вообичаено се сумираат постигнувањата и впечатоците, се прави ретроспектива на изминатите и се планираат следните активности. Уредувајќи го овој последен број за оваа година, се обидовме да направиме синтеза од теми кои се одраз на инженерскиот градителски дух. „Пресинг“ е производ на нашата имагинација и потсвесна рефлексија, наша визура, согледување за потребите и состојбите.
 

Пресинг“ и во иднина ќе продолжи да информира, едуцира и да ги промовира вистинските вредности и достигнувања во инженерството. И следната 2017-та ќе се трудиме да обработуваме актуелни теми презентирани од компетентни и докажани автори. Ќе продолжиме да ги следиме трендовите и достигнувањата во повеќето инженерски професии. Одржливоста, паметните технологии, мултидисциплинарноста и иновативното инженерство беа дел од темите во минатите броеви кои се надевам беа доволна провокација за Вас.

Почитувани колеги, рефлексијата на „Пресинг“, која преку Уредувачкиот одбор несебично се вградува во секој нов број, е енергија која верувам допира и до Вас. Во нашата мисијата за подигање на професионалните вредности и квалификации се надеваме дека успеавме да ја препознаеме и исполниме информативната празнина во македонското инженерството. Не е нескромно да се констатира дека во своето петгодишно постоење „Пресинг“ се етаблираше како списание кое е повеќе од гласило на Комората на овластени архитекти и инженери, и е слободен простор за секој креативен и иновативен збор.

За следната година плановите на „Пресинг“ се уште поамбициозни. Промоција на нови рубрики, подобрен изглед и повеќе простор за отворена дебата каде што слободно ќе се дискутира на сите интересни теми. Честитајќи го неодамнешното назначување за нов претседател на Комората на овластени архитекти и инженери, на д-р Миле Димитровски му посакуваме успешна и продуктивна работа. А на претседателот во заминување, м-р Блашко Димитров, му благодариме на досегашната соработка, за поддршката и довербата во нашата работа.
На сите членови на Комората, Уредувачкиот одбор на „Пресинг“ им посакува Новата 2017 година да им биде успешна и среќна, исполнета со радост и бериќет.

Доц. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“