ПРЕСИНГ | Година, 2017

Пресинг 36
fShare
13
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.36

 

ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ И ГРАДЕЊЕ НА ЗАКОН

Крајно време е да застанеме на патот на урбаната мафија и хаосот кој таа го предизвика во градежниот сектор. Во поширок контекст оваа сит уација го дерогира правото на ред и поредок што претставува општествено назадување. И покрај носењето на два закона за градење и 34 измени и дополнувања во изминативе 11 години, состојбата за жал воопшто не се подобри. Напротив измените предизвикаа уште поголемо безредие, а зачестеноста на промените придонесе за правна несигурност кај инвеститорите. Но ѓаволот е секогаш во деталите, така е и во овој случај каде од новите законски измени веднаш може да се воочи дека станува збор за недоволно осмислени решенија кои често се меѓусебно контрадикторни. Користејќи ги овие контрадикторности или недоречености, веќе подолг период се злоупотребува законот за лични интереси и богатење.

Токму затоа потребни се темелни и сеопфатни промени во Законот за градење кои мора да бидат пред сѐ функционални и одржливи. Сепак промени не се потребни само во Законот за градење, т уку и во Законот за просторно и урбанистичко планирање, за катастар, за градежно земјиште и во техничката рег улатива која се однесува на обезбедување на квалитетот на градбите. Сите заедно треба да обезбедат системска поврзаност и комплементарност. Имено, оваа организација потекнува од инхерентната мултидисциплинарност на инженерската струка која започнува со просторното планирање, урбанистичкото планирање, оформувањето на градежните парцели, архитектонското и градежно проектирање, преку добивање на одобрение за градење, па до самиот процес на градење со употреба на сертифицирани градежни производи. Потребни се прецизни законски решенија налик на европските, но покрај нивната подготовка потребно е да се за ложиме и за нивна доследна имплементација. Само така може да ја постигнеме целта, а тоа е подобрување на у словите за живот, спречување на урбаниот хаос и заштита на животната средина.

Во тек е процесот на формирање координативно тело со мандат да предложи измени во Законот за градење и Законот за просторно планирање и урбанизам. Овоj проект е иницијатива на Министерството за транспорт и врски, кое го номинираше Државниот инспекторат за градба и урбанизам како одговорна институција за негова реализација. Истата е поддржана и од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и од министерот министерот без ресор задолжен за рег улатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Проектот започна со организација на отворена трибина и панел-дискусија на која беа присутни голем број засегнати институции, симболично организирана во просториите на Комората на овластени архитекти и инженери. На него се демонстрираше политичка волја за соработка и воспоставување дијалог помеѓу власта и стручната фела. Лично сметам дека не треба да се испушти оваа шанса и повторно да останеме надвор од процесите и реформите во областа на нашите стручни експертизи. Демонстрираната транспарентност и отвореност во процесот и мултисекторскиот пристап преку вклучувањето на надлежните институции, коморите, факултетите, невладиниот сектор секако гарантира и поквалитетни законски решенија.

Промените започнаа, дали и колку ќе се вклучиме зависи од нас. Имаме неповторлива шанса преку координативно тело и работните групи сами да го осмислиме и организираме овој процес за носење на нови закони. Дојден е моментот да го изградиме Законот за градење.

 

Доц. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“