ПРЕСИНГ | Година, 2018

Пресинг 39
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.39

 

ВРЕДНОСТА НА ИНЖЕНЕРСКИТЕ УСЛУГИ

Инженерската професија веќе подолг период е маргинализирана, потценета и несоодветно вреднувана. Долгата транзиција, ограничениот пазар и неконкурентноста придонесоа инженерските услуги да се нудат по нереално ниски цени. Законот за јавни набавки преку системот за „негативно наддавање“ дополнително влијаеше врз нама лување на вредноста на инженерскиот труд и интелект уалните услуги. Ова доведе до негативна спирала на вредноста на инженерските услуги и придонесе за појава на неквалитет, технички импровизации и манипулации во изградбата. Не преземајќи ништо потфрливме во заштитата на професијата од нелојалната конкуренција и кваз иинженерските вредности.

Конечно, со цел да се стимулира квалитетот преку иницијативата на Комората на овластени архитекти и овластени инженери се преземаат мерки за соодветно вреднување на инженерскиот труд. Согласно член 109 став 7 од Законот за градење, Комората е предлагач и изготвувач на Нацрт-тарифникот на инженерски у слуги. Со него се пропишува минималната вредност на надоместокот за извршените инженерски услуги од страна на овластените архитекти и овластените инженери и учесниците во активностите предвидени со Законот за градење. Тарифникот предвидува и минимална нето-вредност на работен час на архитектите и инженерите. За правилно утврдување на износот треба да се воведат и критериуми како: сложеноста и категоризацијата на објектот, времето потребно за реализација и други пазарни услови. Истотака, мора да се напомене дека европските директиви не поддржуваат регулација на цените, затоа што претставува непазарна мерка. На слободниот европски пазар важат правилата на пазарната економија каде цената на услугите е саморегулирана. Во таа смисла повеќето земји членки на ЕУ немаат ценовници или тарифници за инженерските услуги, а само неколку земји имаат документи кои се незадолжителни и дефинираат само предлог на цени. Со тоа и ефектите од неговото донесување врз пазарот на трудот ќе бидат минимални доколку со него не се предложат и други мерки.

Пред сѐ неопходни се измени и во Законот за градење кои ќе ги категоризираат градбите според нивната сложеност, заострат условите за стекнување со овластувања особено во делот на проектирање и ревизија и кои прецизно ќе ја дефинираат одговорноста на сите учесници во градбата. Дополнително, треба да се направат измени во Законот за јавни набавки во кои минималната цена нема да биде единствен критериум, туку ќе се бараат и оценуваат.

Само преку темелни реформи може да се подобри квалитетот на инженерските услуги и создаде подобар пазарен амбиент во кој секој ќе го добие заслуженото. Во изминатиов период Комората беше иницијатор и предлагач на серија мерки како дел од различни правилници, тарифници и закони. Преку трибини и други собири Комората ја вклучи и пошироката стручна јавност во креирање на овие мерки. Очекувањата се големи, сега останува да видиме да ли предложените мерки ќе се имплементираат.

 

Доц. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“