Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

Монографија Инженерски прстен

MonografijaInzPrsten

 

 

 

 

 

 

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

Cert Logo DAS 9001 web

 

Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.42

ИНТЕГРАЦИЈА ПРЕКУ СОВРЕМЕНА ИНФРАСТРУКТУРА

Патиштата се цивилизациска придобивка препознаена уште во времето на Римското Царство. Разбирајќи гo нивното значење, како крвоток на општеството и предуслов за негов напредок, тие започнале со градење на првата патна мрежа. Во неа „Виа Егнација“ („Via Egnatia“) била најзначајна сообраќајница која минувала низ овој регион поврзувајќи го Северното со Јужното Римско Царство, на ист начин како што денеска Паневропскиот коридор 10 ја поврзува Централна Европа со Југозападен Балкан.

Поврзувајќи го населението и градовите, патиштата, исто така, имаат и пошироко значење промовирајќи општествени, културолошки и други вредности. За граѓаните како корисници, патиштата креираат и подобри услови намалувајќи го времето, а зголемувајќи ја безбедноста и удобноста на патувањето.
Инвестициите во инфраструктурата носат позитивни ефекти за стопанството. Едноставно, патиштата како артерии на стопанството му даваат живот односно го стимулираат економскиот раст.
Патиштата и железниците се сложени објекти кои вклучуваат различни видови на конструкции, како насипи и потпорни ѕидови, мостови и надвозници, канали и дренажи, тунели итн. Во нивното проектирање и изградба учествуваат сообраќајни, геотехнички, хидротехнички и конструктивни градежни инженери, но исто така електротехнички и машински инженери. Оттука, нема да погрешам ако кажам дека инфраструктурата е слика за компетентноста и рејтингот на инженерската струка.

Проектите за подобрување на инфраструктурата во регионот започнаа пред повеќе години, а нивната реализација претставува неформален услов за интеграција на државите во Европската Унија. Во нашата земја започна изградбата на повеќе автопатни делници и експресните патишта. Во тек е и модернизацијата на наплатните станици со систем за електронска наплата, како и имплементацијата на Интелигентниот транспортен систем за мониторирање и управување со сообраќајот чијашто цел е зголемување на ефикасноста и безбедноста на патиштата.

Во иднина, потребно е да се посвети повеќе внимание на одржувањето на патиштата, затоа што светските искуства велат дека со планско и редовно одржување - периодот на експлоатација на патиштата се продолжува двојно. За тоа се користат системи за управување, т.н. RAMS („Road Asset Management System“) кои помагаат при донесувањето стратегии за планирање, проектирање и одржување на патната мрежа. Добра вест е дека и кај нас започна употребата на овој систем во кој сè уште се внесуваат потребните податоци за состојбата на целата патната мрежа добиени со континуирани, повеќегодишни технички мерења.
Европската банка за обнова и развој и Светската банка планираат да издвојат значајни средства за унапредување на инфраструктурата во нашата земја.

Според најавите во следниот период ќе се продолжи со изградба на Коридорот 8 во делот на патната и железничката мрежа. Охрабрувачки е фактот дека домашните градежни компании ќе имаат обезбеден ангажман, но истовремено тоа претставува и обврска за подигање на професионалните капацитети.

Да се проектира и изведува според европската техничка регулатива во суштина значи поквалитетни и побезбедни градби. Ова е возможно само преку континуирани вложувања во знаење, човечки ресурси и современи технологии со што истовремено ќе ја зголемиме конкурентноста, а ќе влијае позитивно и за подигањето на достоинството и угледот на инженерска професија.

Придобивките од современата инфраструктура се многубројни. За граѓаните тоа е безбедност и комфорт, за стопанството ефикасност и економичност, а за општеството интеграција и напредок. Оттука, може да заклучам дека современата и ефикасна инфраструктура за нас не е прашање на избор, туку на одржливост и развој.
Ова се доволно аргументи изградбата да продолжи со засилено темпо.

Проф. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“