ПРЕСИНГ | Година, 2011

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Cert Logo DAS 9001 web

 

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ број 40 се издаде заедно со списанието ПОРТА3. Од наредниот број продолжуваме со стандардната самостојна издавачка политика.

Преземи го бројот

Пресинг 3
Pin It

pdf icon ПРЕСИНГ БР.3

ДОКТОР НА НАУКИ, НЕ НА ТИТУЛИ

Темата на докторските студии последниве две години го привлече интересот на пошироката јавност како никогаш досега. Една од причините е самото име „студии“ кое придонесе целта да изгледа подостапна и полесно остварлива, налик на пониските нивоа на образование, следиш настава, полагаш испити и ете си со докторска титула. Ваквата перцепција придонесе значителен број поединци нестрпливо да прашуваат кога и како ќе започнат докторските студии, при тоа ми се чини повеќето од потенциjалните докторски кандидадти веќе имаа идеја како титулата, а не знаењето може да им помогне во градењето личен успех. На нивно големо разочарување морам да ја повторам констатацијата изречена на многу семинари и конференции во Европа: Докторската дисертација претставува врвен оригинален научен труд. Ова останува заеднички именител и на традиционалниот и на новиот концепт за добивање научен степен доктор на науки. Тогаш на навидум со право поставеното прашање ,,Па зошто воопшто зборуваме за студии?“, би одговорила со упатствата дадени од европските универзитети: да се организираат работилници, семинари, конференциии на кои докторантите континуирано можат да го претставуваат сработеното, а за да се обезбеди потребен број на докторанти, докторските студии да се организираат во форма на докторски школи на универзитетско ниво. Сепак сите погоре изнесени карактеристики на новиот концепт на докторски студии повеќе зборуваат за организационите елементи, додека oсновна цел е овие висококвалификувани млади луѓе да си го најдат местото во економскиот и стопанскиот сектор, а не само во академска средина, со цел да му дадат нов неопходен импулс на европското стопанство во беспоштедната глобална битка за нови пазари. Единствен начин да се обезбеди чувство за сопствените компетенции е комуникација со реалното опкружување; индустријата, економијата и општеството, во целиот тек на истражувањето. Од искуствата на европските универзитети јасно е дека тоа воопшто не е лесно ни во развиените земји од Европската Унија, а камоли во земја како нашата во која стопанствениците водат сизифовска битка со различни објективни, но и субјективни тешкотии. Македонските универзитети ги привршуваат подготовките за објавување на конкурси за докторски студии, но тоа значи дека само еден од трите столба на овој потфат е подготвен. Вториот е ресорното министерство кое во името на државата треба да ги обзнани своите намери. Сепак третиот столб, стопанството е оној без кој целата замисла за докторски студии не може да успее. Токму затоа ви се обраќам Вам на инженерите. Каде и да го заработувате своето парче леб, можете да придонесете замислата да се претвори во стварност за доброто на вашата компанија, но и на целото општество. Немојте да бидете заложници на стереотипот дека само на големи компании им требаат доктори на науки. Основни компетенции на вистински доктор на науки се иновативноста, борба со непознатото, подготвеност на порази, но и на нови почетоци за да се стигне до посакуваната цел. Зарем тоа не е реалност на секоја компанија, голема или мала. Затоа, кога ќе добиете покана да учествувате на некој докторски семинар или работилница, немојте веднаш да одмавнете со рака и да речете дека немате време за губење. Послушајте ги идеите на докторантите. Сигурно ќе ви отворат некој нов видик. Но и искрено прокоментирајте ако нивните замисли ви изгледаат неразумни или нерационални. Немојте да дозволите нивниот елан и енергија да тргнат во ќорсокак. На крај би рекла дека терминот „докторски студии“ е навистина воведен за да обезбеди поголема достапност, но не до титулата туку до знаењето.

Елена Думова-Јованоска
Професор на Градежниот факултет,
Проректор за настава на Универзитетот " Св. Кирил и Методиј"