ПРЕСИНГ | Година, 2012

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Cert Logo DAS 9001 web

 

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ број 40 се издаде заедно со списанието ПОРТА3. Од наредниот број продолжуваме со стандардната самостојна издавачка политика.

Преземи го бројот

Пресинг 7
fShare
0
Pin It

pdf icon ПРЕСИНГ БР.7

SCREEN SAVER

„Но, св. Петре, ова ни оддалеку не наликува на она што претходно го видов на твојот монитор! Е, чедо мое, тоа што претходно го гледаше не беше вистинската слика за пеколот. Тоа беше мојот screen saver“. вака некако завршува еден од посовремените компјутеризирани вицови на антологиската тема која се занимава со заминувањето на оној свет и мигот на донесување на пресуда за тоа каде, велат врз основа на земските постапки, ќе биде упатено чедото божје. Screen saver или заштитник на екранот, претставува компјутерска програма чија основна цел била во случај на подолга корисничка неактивност преку автоматска промена на сликата да ги заштити старите катодни монитори од дефекти предизвикани токму од предолгото прикажување на една иста статична слика. денес, со појавата на новите LCD, плазма и LED- монитори овие програми ја губат првобитната намена и првенствено имаат декоративна или рекламна улога. од неодамна, на screen saver-от на мојот компјутер се вртат неколку фотографии од новиот грандиозен мост на реката Сава во Белград. Ги добив од неговиот главен проектант, словенечкиот пријател на македонските конструктори, г. виктор маркељ, предавач на Градежниот факултет во марибор и сопственик на фирмата Понтинг. Зошто токму овој објект? Прво, затоа што се работи за најзначајната градба во Европа во изминатата година. За, во моментов, највпечатливиот објект преку кој Истокот го допира Западот. За објект во чија величественост се уверив лично, во живо, кога деновиве за прв пат минав преку ова големо градителско дело. Затоа што станува збор за современо дело кое, што би рекол еден наш врвен архитект и мој близок другар, во себе содржи еротика, односно творечка возбуда. За мост чиј најголем распон премостува триста и кусур метри, светски рекордер по големината на припадната површина на еден столб. За објект со кој се прави вистински ментален исчекор. Гордост за проектантите, градителите, а најмногу за инвеститорот, бидејќи токму преку делото кое го остава зад себе цениме за неговото визионерство, свест, цивилизациско ниво. Коњ за трка и докажување. И тоа во светски размери. објект – симбол. Затоа што за овој објект, како што е случај и насекаде во цивилизираниот свет, особено кога се работи за објекти сместени во метрополите на државите, беше распишан меѓународен конкурс. И тоа фер, ненаместен. Конкурс на кој и покрај учеството на неколку локални, првото место го освоија странски автори. Конкурс на кој квалитетот (знаењето) го победи квантитетот (цената). Конкурс на кој отворениот ум ги потисна деструктивната ксенофобичност и опасната агорофобичност, толку карактеристични за овие простори. Затоа што се работи за мост на кој се применети најнови знаења, материјали и технологии. Почнувајќи од базичните градежни материјали, организацијата на градилиштето и на градењето, па сè до најситните детали како што е најсовременото high tech компјутеризирано осветлување решено со лЕд-диоди во разни бои. впрочем, онака како што и прилега за објект од XXI-от век. Затоа што ваквите објекти треба да ни бидат пример и поттик за продлабочено размислување и творечка инспирација за создавање дела со кои сите ќе се гордееме, дела за стручна почит, дела со кои ќе останеме запишани во референтните бази, дела со кои ќе можеме да се појавиме на полето на културен натпревар меѓу народите. Така зошто и затоа, како што вели една мудра и драга личност, полека прераснуваат во сакам, сакам раѓа желба, желбата создава цел, целта прави исчекор во мотивација, мотивацијата преминува во акција, акцијата раѓа конструкција, а конструкцијата носи среќа. Затоа што ова и сличните градителски дела треба да нè испровоцираат виртуелните слики на нашиот screen saver, колку и тие во моментов да ни изгледаат прагматично допадливи, да ги замениме со реални. И онака катодните монитори веќе одамна се вон употреба.