ПРЕСИНГ | Година, 2014

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Пресинг 22
Pin It

pdf icon ПРЕСИНГ БР.22

ИНЖЕНЕРСКИ ЛАВИРИНТ

Каква е состојбата со инженерството во Македонија ?
По повеќедецениска зачмаеност инженерските ветрови повторно се поволни, а и студентите почнаа да се враќаат на оние по малку подзаборавени факултети. Долгата транзиција остави свој белег, предизвика еродирање на професионалниот капацитет и кадровски дефицит кој не ќе може брзо да се надомести. Во моментов на пазарот на трудот постои потреба од инженери, а паралелно се одвива процесот на „одлив на мозоци“ (анг. Brain-drain) што е предизвикан од ниската цена на пазарот на трудот. За да се сопре ова деградирање на инженерското ткиво, крајно време е да се размисли за формирање предлог-ценовник за технички односно инженерски услуги.

Иако инженерството како професија бележи закрепнувачки тренд, кој по години стагнација претставува вистинско освежување за македонското стопанство, сепак, мора да бидеме доблесни и да признаеме дека многу состојби се далеку од идеални, и истите може да се подобрат за што Комората на овластени архитекти и овластени инженери треба да дејствува интегрирачки како иницијатор на дијалози.
 

Токму затоа овој 22-ри број на Пресинг ќе биде посветен на оваа тема. Квалитетното образование е клуч за успешна професионална кариера. Процесот на учење, здобивање нови знаења, потстрекнување и промовирање на иновативно размислување, како и креативна примена на совладаното мора да се практикува. Покрај теоретските знаења, неопходно е да се тренираат и практичните вештини, и така да се обликува инженерскиот кадар согласно актуелните потреби на општеството и
професијата. Во ова динамично време на секојдневни технолошки иновации, за да се достигне бараното ниво, покрај базичното (универзитетско) образование
неопходно е да се практикува т.н. три „Л“ од анг лискиот „Life Long Learning“. Ваков вид на обуки се организираат постојано во рамките на Комората, за некои
информираме и во овој Пресинг.
 
Дали инженерската професија е доволно регулирана или можеби сме на пат кон другата крајност, во која станува пре-регулирана, состојба кога се наметнуваат сè повеќе обврски и задолженија отколку права и привилегии. Влијание врз состојбите и професионален амбиент има и техничката регулатива. За жал тука мора да
констатираме дека со години наназад не се работело, често потребата за осовременување на истата се оправдувала со помалку или повеќе одржливи решенија, главно во форма на правилници кои датираат од минатиот век. Стандардизацијата денес е процес поттикнат од глобализацијата во која владеат изедначени услови и критериуми на заедничкиот пазар. Имено, сега е дојден моментот кога треба да ја поддржиме имплементацијата на техничката регулатива на ЕУ, предизвик кој бара ангажирање на сите расположливи капацитети. Затоа Комората на овластени архитекти и овластени инженери организира различни проекти и активности меѓу кои ќе ја истакнам организацијата на семинари за обука на еврокодовите и тркалезната маса посветена на мислењетo за проектираниот и изведениот степен на механичка
отпорност, стабилност и сеизмичка заштита.
 
Со години или децении наназад се наоѓаме во инженерски лавиринт, барајќи го излезот секогаш го избираме подолгиот пат наместо да се обидеме заеднички да го пронајдеме пократкиот. Затоа е потребно отворено да се проговори за проблемите во инженерската фела, a потоа и да се изнајдат ефикасни решенија во соработка со стопанството и државата.

Доц. д-р Јосиф Јосифовски

Главен и одговорен уредник на „Пресинг“