Пресинг 23
Печати

pdf icon ПРЕСИНГ БР.23

ЕНЕРГЕТСКИ РАБОТИ

Енергијата и природните ресурси се основни предуслови за одржување на животот и развојот на општеството. Постојаниот прираст на популацијата, економскиот развој и зголемениот стандард на живеење влијае врз потребите од енергија која во нашиот случај бележи стабилен годишен пораст меѓу 2% и 3%. Фосилните горива се наши основни енергенси со повеќе од 60% учество во вкупната енергија. Современтите трендови опишани во најновите европски стратегии, на кои и Р. Македонија е потписник, бараат намалување на оваа зависност преку инвестиции во алтернативни обновливи извори на енергија со што до 2020 година тие треба да претставуваат повеќе од 20% од вкупната енергија. Правилното искористување на изворите на енергија и прудентни мерки за енергетска ефикасност ќе доведат до ценовна стабилност и сигурност во снабдувањето со енергија, токму затоа „енергетските работи“ се тема во овој 23-ти „Пресинг“ кој анализира, критикува и советува.

ДОЦ. Д-Р ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ
Главен и одговорен уредник
на „Пресинг“