ПРЕСИНГ | Година, 2015

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Cert Logo DAS 9001 web

 

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ број 40 се издаде заедно со списанието ПОРТА3. Од наредниот број продолжуваме со стандардната самостојна издавачка политика.

Преземи го бројот

Пресинг 24
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.25

ЗЕЛЕНАТА СТРАНА НА ИНЖЕНЕРСТВОТО

Воздухот, водата и почвата се дел од еден деликатен глобален екосистем кој е предизвикан од повеќе антропогени фактори. 

Каква е нашата еколошка состојба ? - Веќе подолг период се воведуваат еколошки дозволи кои тешко и непринципиелно се исполнуваат; во недостиг на соодветни капацитети биоразградливиот и цврстиот отпад се депонира во диви депонии; сведоци сме на целосна агресија на урбаниот простор и узурпирање на зелените градски површини; регистрираме зголемено ниво на загадување во воздухот од дозволеното. Индиректно влијание има и неконтролираната интензивна изградба, која не ги следи основните урбанистички постулати за минимум зелена површина и воздушно струење кое води до прекумерна загаденост. Загадувањето на реките и други водни површини е не помалку загрижувачко.

Kако може инженерството да помогне во креирање на позелена иднина ? - Резервите на вода за пиење драстично се намалуваат, со тоа и водата стана еден од клучните ресурси на иднината. Експертите во светот веќе подолг период ги картираат подземните водни капацитети, но уште позначајно дејствуваат во превенција преку различни мерки за заштита на површинските води. Така, отпадните води се третираат со пречистителните станици, кои кај нас за жал не се доволно присутни.

Воздухот кој го дишеме е друг значаен елемент кој во подолг период на глобално ниво се загадува преку емисија на стакленични гасови.  Во прв ред емисиите на јаглероден диоксид при согорувањето на фосилните горива кои покрај директното загадување предизвикуваат и глобално затоплување се одговорни за климатските промени. Во Република Македонија состојбата со загадувањето на воздухот и присуството на ПМ-честичките во густо изградените градски средини е на алармантно ниво.

Во Европа „Зелениот дизајн“ на зградите е сè пoпопуларен, зелените покриви се нешто кое може да се види во многу урбани центри. Тие се добра алтернатива во густо изградените градски подрачја. Кај нас сè уште еко-дизајнот не е применет, па можеби е време овој исклучително позитивен тренд да следува и кај нас, првенствено во јавните и деловните  градби. Паралелно, воведувањето на ниско-емисиони средства за јавен превоз дополнително може да влијае врз шпицовите на дневните загадување. Хибридните и електричните возила се вистинско решение и вистински хит во европските

земји, особено за потребите на градското транзитирање, а наедно се и поекономичен избор.

Почвата во којашто расте нашата храна  не смее да биде изложена на никакво загадување! Сепак отпадот го одлагаме во диви депонии, долови и депресии, наместо во современи, инженерски проектирани.  Неговиот третман, рециклирање или согорување се стандарди кои за жал кај нас сè уште не се применува. Ширењето на загадувањето преку подземните и површинските води од дивите депонии создава сериозни загадувачи на животната средина.

Покрај загадувањето на животната средина, и климатските промени се глобален проблем. Природата предупредува преку поројни дождови, поплави, температурни разлики, свлекувања на почвените маси итн. Тие се одразуваат негативно врз земјоделството, шумарството, водните ресурси, биодиверзитетот и врз здравјето на луѓето. Затоа не треба да се игнорираат, туку треба да се дејствува со примена на новите климатски параметри во смисла на регулирање на водотеците, стабилизирање на косините итн.

Заштитата на животната средина треба да биде врвен приоритет, а надлежните органи треба да вложуваат повеќе во животната средина. Треба да се вработуваат инженери за заштита на животната средина кои се способни да се соочат со предизвиците. 


 ДОЦ. Д-Р ЈОСИф ЈОСИфОВСКИ

главен и одговорен уредник на „Пресинг“