Информација за Меѓународен архитектонски фестивал - Денови на Орис 21

Печати

oris21

 

Ве информираме дека Фестивалот Денови на Орис 21 ќе се одржи ВО ЖИВО на 20 и 21 ноември 2021 година во концертната сала Ватрослав Лисински во Загреб.

Денови на Орис е меѓународен архитектонски фестивал организиран од Куќата на архитектурата Орис од Хрватска, а се одржува од 2001 година.

Програмата ќе започне на 20 ноември во 11 часот. Паралелно со настанот во живо, Деновите на Орис ќе бидат достапни на ONLINE платформата, каде што сите предавања и настани во салата Лисински ќе се пренесуваат во живо (освен предавањето на архитектот Олгијати) и ќе бидат достапни за повторно разгледување.

Онлајн платформата ќе започне со емитување на 20 ноември во 10 часот, а нејзината содржина ќе биде достапна во следните 72 часа: до вторник, 23 ноември, во 22 часот.

Повеќе информации за ОРИС 21