×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Pin It

MD webПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА
ПРОФ. Д-Р МИЛЕ ДИМИТРОВСКИ

Мандат: 2016 - 2020

Д-р   Миле Димитровски е поранешен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј кој после 38 години се откажа од работното место редовен професор со втор реизбор на Машинскиот Факултет на Институтот за термичко инженерство, и после изборот за преседател се вработи со постојано работно време во Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.

Во својата кариера има бројни научни достигнувања, но и стручни и публицистички. Автор е на многу универзитетски учебници, за додипломски и последипломски студии.  Акредитиран ментор на магистеrски и докторски студии при УКИМ и менторна 10 магистранти и 4 докторанти кои ги завршиле своите трудови и дидертации. Има објавено повеќе од 82 научни трудови од кои   7 труда објавени во последните 5 години со импакт фактор. 16 години бил главен и одговорен уредник на Списаниe  за машинство на машинскиот факултет, уредувал неколку броја на ПРЕСИНГ, а сега е гавен и одговорен уредник на ИНЖЕНЕРСТВО.  Напишал повеќе од 100 написи во дневни и неделни весници во врска со екологија, инженерство , сообраќај и образование. Како помлад професор, бил проектант на проекти од термичко инженерство, а како постар, бил главен ревидент за машинство на проектите за гасификација на РМ, и главен надзор на изведбата на сценски технологии на новиот-стар театар во Скопје.

Во Комората е од нејзиното формирање, учествува во нејзината работа во одбори комисиии и тела. Активно соработувал со претходните преседатели за сите прашања од интерес на комората. Член е на одборот за меѓународна соработка и претставник во ЕЦЕЦ и член на комитетот за образование во светската федерација на инженерски организации (WFEO). Соработува со претседателите на коморитe од Европа и Балканот,  а со многу од нив е и личен пријател. По негова иницијатива и плобирање,  14 Генерално собрание на европскиот совет на Комори ќе се одржи во Октомври во Скопје, а е под покровителство на претседателот на Република Македонија. Бил активен учесник подготвката на договорите за взаемно прифаќање на овластувањата со соседните инженерски комори.

Покрај професионалните ангажирања бил и активен во делување од поширок општествен интерес.  Бил кандидат за градоначелник на Скопје (1996) и на Општина центар (2000).  Бил координатор за изработка на  две национални стратегии (Безбедноста на сообраќајот на патиштата), а учествувал во изработка на уште три други. Бил уредник на издавање на три монографии.  Во државните институции бил покануван да помага како експерт и познавач на многу области. Соработувал во донесување на законска регулатива во Министерствата  за транспорт и врски, во Министерство  за просторно планирање и животна средина и Министерство за Економија. Член  е на проектот за подобрување на образовните квалификации и за регулирани професии во МОН. Член е на кординативното тело за безбедност на сообраќајот на патиштата во Владата на РМ.  Член е на специјалниот комитет за образование и трансфер на знаењеа во глобалната организација за безбедноста на сообраќајот на патиштата (La PRI). Учествувал во изготвувањето и во одбраната  на извештаите за напредокот на Mакедонија во областа на БСП во Брисел. 

ПОСТОЈАН ЈАВЕН ПОВИК

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Ценовник за инженерски услуги за високоградба

pdf icon

 Преземи Анекс кон ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата 
[Службен весник на РСМ бр.54 од 13.03.2023 година]

pdf icon

 Преземи ценовник за  висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата 
[Службен весник на РСМ бр.259 од 01.12.2022 година]

pdf icon

 Преземи ценовник со табели во боја

pdf icon

 Преземи Анекс на ценовник со табели во боја

Excel icon

 Преземи КАЛКУЛАТОР за ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата

За да го користите Калкулаторот потребно е да дадете дозвола на Вашиот компјутер да извршува Macro команди и да овозможите кирилична поддршка во Windows > Regional Settings > Language for non-Unicode programs.


pdf icon

 Преземи Упатство за работа на Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба

Број на посетители

Денес559
Овој месец21102
Вкупно од 1.9.20171211645

Комората е членка на Европскиот совет на инженерски комори

Комората е членка на Светската федерација на инженерски организации

ecce logo webace logo web