На 28 Март 2025 во салата на Комората се одржа стручно предавање – комерцијална презентација на MAPSOFT DOO Belgrade, водечкиот регионален експерт во областа на иновативни технологии за прибирање на 3Д просторни податоци. Предавањето беше наменето за геодетски и градежни инженери, урбанисти, како и за сите инженери заинтересирани за современите геопросторни решенија.
Главната тема на предавањето беше:
„MapSoft: Иновативни технологии за прибирање на 3Д просторни податоци, потребни при изработка на инфраструктурни проекти и дигитални близнаци“
Предавачи на настанот беа дипломираните геодетски инженери Момир Митровиќ, Игор Недељковиќ и Д-р Жељко Цвијетиновиќ кои ја елаборираа главната тема со презентација на следните поднаслови:
• Современи технологии и методи на прибирање просторни податоци;
• Методологија за собирање просторни податоци и проектен пристап;
• Видови сензори;
• Основни геопросторни производи (ортофото, облак со точки, DTM/DSM, 3D мрежа, 3D модели на градови, векторски геопросторни бази на податоци);
• Сензори и платформи на MapSoft;
• Примери на проекти за собирање просторни податоци;
• Краток преглед на основните информации за спроведените проекти за собирање просторни податоци со фокус на техниките, коишто се применуваат и предизвиците при реализација на проекти од областа на инфраструктурни проекти, просторно планирање и урбанизам, енергетика, хидрологија, рударство, археологија, шумарство и животна средина;
• Иновативни геопросторни софтверски решенија за управување со ресурси;
• Краток преглед на основни информации за имплементирани проекти за развој на геопросторни софтверски решенија на претпријатија, локални самоуправи и на национално ниво, со фокус на применетите софтверски платформи и постигнатите резултати;
Дополнително се обезбеди преглед на платформата SuperMap за развој на иновативни геопросторни решенија, базирани на 3D GIS, геопросторна вештачка интелигенција и Big Data пристапи за управување со податоци за потребите на модерната имплементација на концепти и технологии како што се: Digital Twin, Smart City и City Information Modeling (CIM).