Покана за регистрација на 3-ти Денови на електро инженери

Печати

poster2 dei3Ве информираме дека е отворено онлајн пријавувањето за учество на 3тите Денови на електро инженери, кои ќе се одржат на 17 и 18 септември 2026 година во Holiday Inn, Скопје, во организација на Одделението за електротехника при Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Пријавувањето ќе се врши исклучиво преку онлајн формата и ќе биде активно во периодот од 24.08.2026 до 13.09.2026 година.

Настанот претставува одлична можност за размена на знаења, искуства и идеи, како и за поврзување со колеги и професионалци од областа на електротехниката од земјата и регионот.

Ве покануваме навремено да го пријавите Вашето учество преку следната форма:

https://forms.cloud.microsoft/e/FftANkJbMX

Со особена чест и задоволство очекуваме да бидете дел од годинешното издание на Деновите на електро инженери.