Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Стручна дискусија на тема „Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини“

Pin It

Стручна дискусија на тема „Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини“На 10 декември 2021 година, во неодамна реконструираниот Офицерски дом во Битола, се одржа панел дискусија во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на тема “Регулирањето на процесот на градење во градските јадра прогласени за споменички целини”.

Преку овој настан како прв од серијата на идни планирани активности, Комората ја започна својата соработка со ИКОМОС во Македонија, Националниот комитет на меѓународниот совет за споменици и локалитети. Пред почеток на стручниот дел на настанот, двете институции тоа го потврдија со потпишување на Меморандум за соработка.

 „Во нашата држава постојат неколку градски јадра прогласени за споменички целини. Концептот за работа во следниот четиригодишен мандат што пред извесно време ја доби поддршка во Собранието на Комората, меѓу другото, предвидува не само децентрализирање на активностите на Комората туку проширување на делокругот на соработка со инстиуции со слични интереси. Преку овој настан, Комората го промовира својот концепт за широка соработка, а вакви расправи покрај во Битола, се планираат и во останатите центри на државата како Охрид, Скопје, Крушево и Кратово” - истакна Кристинка Радевска, претседател на Комората.

Пред бројната стручна публика која имаше можност да го следи настанот и на далечина поради ограничувањата за физичко присуство согласно строгите Ковид 19 протоколи, свои презентации, но и плодна дискусија развија експерти од оваа област, ангажирани и како проектанти или изведувачи, но и лица на позиции во јавните институции надлежни за издавање на дозволи и промена на законите кои ја тангираат оваа област.

„Сведоци сме дека многу од вредните траги од минатото изразени во репрезентативната архитектура и автохтон урбанизам на Битола дел по дел се распаѓаат и исчезнуваат пред нашите очи. Да, ликот на секој град треба да добие и одлики од современите текови на сегашноста, кои ги отсликуваат модерните потреби на неговите жители, но што би била Битола без својот Широк сокак, без својата Стара чаршија или знајните и помалку знајни бисери на нејзината препознатлива архитектура низ другите не толку широки сокаци во градот?” - истакна Кристина Бицева, претседател на ИКОМОС Македонија.

Регулирањето на градењето во старото градско јадро на Битола е еден од предизвиците со кои се носи градот и секое унапредување на регулативата е добредојдено за сите чинители. Градот на конзулите, е пребогат со објекти кои говорат за минато, за традиција што оставила такви траги низ времето и во просторот што ние мораме да направиме сѐ што е потребно да се спасат од забот на времето. Културниот идентитет на Битола не може да се замисли без старото градско јадро и неговата заштита, кое пак не може да остане одржливо ако не се развива.

„Балансот помеѓу заштитата и развојот, најдобро можете да го одредите Вие, професионалците, а ние политичарите сме тука за да Ве сослушаме, а потоа заеднички да ги спроведуваме политиките што ги препорачуваат експертите.
Моите очекувања од стручната дискусија се насочени во правец на усогласување на регулативата и поедноставување на постапките што го регулираат градењето во Старото градско јадро во Битола, без притоа да се влијае на културниот идентитет на градот. Верувам во капацитетите на Комората и ИКОМОС Македонија, како стручни тела, дека во соработка со стручните институции и професионалците во нив можат да одговорат на предизвикот. Се надевам дека Законодавецот ќе ги препознае капацитетите на чинителите и ќе излезе во пресрет, со цел унапредување на регулативата.” - истакна во обраќањето градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

На панелот имаше конструктувни дискусии и заклучоци, во насока на подобрување на состојбите. Сложеноста на постапките, невозможност да се обезбедат пратечки документи за проект на документација, проблем на не поврзаност на институциите, се коментираа ситуации во пракса од страна на проектантите.
Посебен тим ќе ги сумира сите дискусии и предлози и ќе ги објави на каналите за комуникација на Комирата и ИКОМОС, по што ќе следуваат чекори на лобирање и јавно застапување за подобрување и на регулативата и на ефикасноста на сите инволвирани страни.

Фотографии:

Видео запис: