Print

Согласно новата Одлука на Управниот Одбор на Комората, од оваа година ќе се доделуваат пет именувани награди, со што се обезбедува порамномерна застапеност на сите одделенија и се поттикнува активноста на членството.

Наградите носат имиња по доајени препознаени во своите области на делување:

  • Проф. д-р Борис Чипан, дипл.инж.арх.
  • Проф. д-р Александар – Цане Ангелов, дипл.град.инж.
  • Проф. д-р Илија Черепналковски, дипл.маш.инж.
  • Проф. д-р Станимир Јовановски, дипл.ел.инж.
  • Проф. д-р Миле Димитровски, дипл.маш.инж. – новата 5-та награда е воведена за да ги опфати и одделенијата со помал број членови.

Наградите имаат цел да ја поттикнат јавната афирмација на трајните вредности кои произлегуваат од делата и мислите на архитектите и инженерите, промовирајќи ја општествената улога на професијата и вреднувајќи ги нејзините достигнувања.

Критериуми за Номинација

За номинација, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Да се докажани инженери, почитувани во стручната фела, припадници на соодветно матично одделение според именуваните награди.
  • Да се активни членови на Комората во моментот на номинација.
  • Да се струково активни во својата дејност во годината во која се кандидирани.
  • Да не се членови на моменталниот состав на раководните тела и органи на Комората.
  • Да достават до три најзначајни инженерски достигнувања во изминатите пет години.
  • Номинацијата не може да биде самостојна – кандидатот треба да биде номиниран од друго лице.

Рок и Начин на Номинација

Рок за доставување номинации: 3 декември 2025 година.

Номинациите, заедно со потребната документација (кратка биографија и краток опис и графички додаток на најмногу три референци), треба да се испратат на е-маил адресата This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Повикот за номинации се испраќа електронски до сите активни инженери од соодветните одделенија и се објавува на веб страната на Комората.

Документи за преземање:

  • Одлука на УО за именувани награди од Комората (Арх. број: 02-974/3 од 26.11.2025 година)
  • Одлука на УО за утврдување на критериуми за доделување на именувани награди од Комората (Арх. број: 02-974/4 од 26.11.2025 година)