Ова прво покровителство претставува значаен чекор во продлабочувањето на соработката помеѓу КОАИ и академската заедница, како и јасна определба на Комората за поддршка, препознавање и афирмација на младите и перспективни инженери уште на почетокот на нивниот професионален пат.
Потпретседателот Веселинка Герасимовa Петровска го додели признанието за исклучителниот академски успех на Ангела Јовческа, која студиите ги завршила со просек од 9.75, претставувајќи пример за посветеност, знаење и извонредност.
КОАИ верува дека вложувањето во младите инженери е вложување во иднината на инженерската професија и во создавањето на квалитетен, одговорен и компетентен инженерски кадар кој ќе придонесува за развојот на државата.
На Ангела Јовческа ѝ упатуваме искрени честитки и ѝ посакуваме успешна и инспиративна професионална кариера.




