Како дел од стратешката иницијатива „Инженерот на прво место“, Комората продолжува со обезбедување конкретни придобивки и поддршка за професионалниот развој на своите членови.
Во периодот од 11 до 15 мај 2026 година, членовите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери ќе имаат можност да користат специјална промотивна понуда за Autodesk софтвер, со попуст од 25% во однос на стандардните цени во Македонија.
Read more: Промотивна понуда за Autodesk софтвер за членовите на Комората

Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Дејан Метикош, присуствуваше на собранието на ECEC (European Council of Engineers Chambers) во Мадрид, каде водечки професионалци од цела Европа дискутираа за предизвиците и приоритетите на инженерската професија.
За време на настанот, претседателот Метикош оствари значајни билатерални средби со Нина Дражин Ловрец, претседателка на ECEC, како и со Платонас Стилиану, претседател на ECCE (European Council of Civil Engineers), со цел зајакнување на регионалната соработка и размена на искуства.
Read more: Одржано собранието на ECEC во Мадрид
Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа Националниот информативен ден за програмата LIFE, со учество на над 70 претставници од државни институции, општини, универзитети, граѓански организации и приватниот сектор.
Настанот се фокусираше на новите повици за проекти, можностите за финансирање, критериумите и постапките за аплицирање, како и подготовката на квалитетни проекти во областа на животната средина, климатските промени и транзицијата кон чиста енергија.
Read more: Националeн информативен ден за програмата LIFE
На 14 мај 2026 година, се одржа тематска презентација на тема „Национални стандарди во електроенергетика (ИСРСМ ТК 31 и ИСРСМ ТК 32) – придобивки и практични примери“, организирана како резултат на соработка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ).
Настанот беше наменет за информирање и унапредување на знаењата на деловните субјекти и инженерите кои работат во областа на електричното осветление и електроенергетските постројки, со акцент на примената на националните и европските стандарди во пракса.
На тематската презентација се обратија претседателот на КОАИ, м-р Дејан Метикош , и директорот на ИСРСМ, Газменд Алиу, кои ја истакнаа важноста на стандардизацијата и нејзината улога во развојот на современи, безбедни и ефикасни инженерски решенија.
Read more: Тематска презентација: Национални стандарди во електроенергетика