Првиот Македонски Конгрес за патишта ќе се одржи на 7 – 8 ноември 2019 година во Скопје, во хотелот „Double Tree by HILTON“.
Очекуваме овој Прв Македонски конгрес за патишта да претставува успешен почеток на една традиција во организација на вакви научно – стручни собири.
Воедно, овој Прв Македонски конгрес за патишта треба да биде голем регионален собир на сите авторитети од областа на патиштата и тоа не само од соседните земји, туку и од Европа.
Првиот Македонски Конгрес за патишта се организира под Покровителство на Премиерот на Владата на РС Македонија, на иницијатива и во организација на Друштвото за патишта на Македонија (ДПМ), а во соработка со Градежниот факултет (ГФ), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Јавното претпријатие „Македонијапат“ и Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ).
Овој Прв Македонски конгрес за патишта се организира во чест на неколку големи јубилеи и тоа:
Во прилог на Конгресот е и големиот инвестициски циклус во патната инфраструктура кој се одвива во РС Македонија во висина од преку 1 млрд евра, изразена преку изградба на 2 автопати, неколку експресни патишта и повеќе регионални патишта.
Теми на претстојниот Прв Македонски конгрес за патишта се:
Во оваа прилика, ги повикуваме сите домашни и странски експерти да ги презентираат своите истражувања и искуства во областа на патиштата по предвидените теми.
За сите учесници на Конгресот предвидена е котизација, со скала на попуст за рано пријавување. За докторандите и студентите на постдипломски студии на Градежните факултети следи дополнителен попуст.
UPCOMING EVENTS
PAST EVENTS