Почитувани,
КОАИ во рамките на своите надлежности потребно е да обезбеди континуирано стручно усовршување на своите членови.
Во рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери и во соработка со Здружението на сообраќајни инженери на Македонија, се организира настан со предавање на тема:
Како предавачи на овој настан ќе бидат:
Интензивниот развој на современите технологии во последните години допринесе за нивна зголемена примена во областа на сообраќајната сигнализација. Употребата на нови материјали за хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација посебно наменети за во услови со намалена видливост, начинот на нивното производство, видовите, квалитетот, препознавање и контрола преставува предизвик како за произведувачите така и за проектантите и изведувачите. Овие предавања треба да овозможат размена на искуства, можни решенија на практичните проблеми, препораки за употреба на барањата од Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот и дефинирање на нивото на потребниот квалитет на нивната практична примена. Преку овие предавања и меѓусебната размена на искуства во оваа област и осознавање на можните решенија ќе се овозможи унапредување на знаењата и подигање нивото на стручност на сообраќајните инженери.
Предавањата ќе се одржат на ден 04.12.2019 год. (среда) со почеток во 11.00ч.
На секој учесник со ќе му се додели сертификат за континуирано стручно усовршување.
UPCOMING EVENTS
PAST EVENTS