Архитектонското проектирање во Велика Британија, како одговор на промените

Category
Едукација
Date
24 Mar 2020 11:30
Venue
Сала за конференции во Комора ОАИ
Telephone
02 3 222 356
Email
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Презентација ќе овозможи запознавање со принципите на организација на градежништвото како дејност и особено на архитектонската струка во Велика Британија од аспект на образование, стручна обука, овластувања и стручно поврзување.  Дополнително ќе се даде преглед на актуелните состојби во доменот на градежништвото и архитектонско проектирање вклучително со вообичаените модели за реализација на градежните проекти, одговорноста, надоместот за стручните услиги како и работните услови за вработените во доменот на архитектурата.  Овие аспкети ќе се разгледаат низ призмата на континуираните промени во рамките на дејноста и пошироко, а како последица на локалните и глобалните процеси.  Во рамките на презентацијата ќе се укаже и на стратегиските определби и насоки за надминување на последиците од глобаните климатски промени, а како одговор на прогласената вонредна состојба и обидот за очувување на системите коишто го подржуваат животот на Земјата.

Проф. д-р. Владимир Б Ладински, е регистриран архитект во Велика Британија со долгогодишно работно искуство во струката како во приватниот така и во јавниот сектор во доменот на образовни, културни, деловни, и специјализирани станбени објекти вклучително со адаптации и доградби на заштитени објекти од градителското наследство.  Покрај стручната тој е вклучен и во наставно-научна дејност во доменот на одржливото проектирање.  Проекти на коишто работел се добитници на повеќе награди и признанија во Велика Британија.