Онлајн-конференција на тема „Обновливи извори на енергија и Енергетска ефикасност во згради во С. Македонија и Косово”

Македонско-Германското стопанско здружение организира онлајн-конференција на тема „Обновливи извори на енергија и Енергетска ефикасност во згради во С. Македонија и Косово” која ќе се одржи на 23 ноември 2021 година со почеток во 10:00 часот.

Оваа конференција е наменета за претставници на македонските компании, институции и консултанти, со цел запознавање на учесниците со германските решенија на полето на енергетската ефикасност во згради и обновливите извори на енергија. Дополнително за заинтересираните македонски компании ќе се организираат B2B-средби со германските фирми-учесници на конференцијата.

Ова виртуелно “патување” е организирано од страна на консултантската куќа „energiewaechter GmbH“ од Германија, во соработка со Делегацијата на германското стопанство во С. Македонија, а под покровителство на Сојузното Министерство за економија и енергетика на СР Германија.

Учеството на оваа конференција е бесплатно.

Повеќе информации за конференцијата и формулар за регистрација