На 24 октомври 2023 година, со почеток во 12 часот, во просториите на Комората, ќе се одржи промоција на новата книга на д-р Петар Николовски насловена „Современи системи за оптимална енергетска ефикасност на згради“. Ова ново дело на д-р Николовски е комплементарно надополнување на неговиот опус на стручна литература наменета за инженерите на кои предмет на интерес им е енергетската ефикасност.
Д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. теоретски и практично се занимава со енергетска ефикасност и градежна физика повеќе од 50 години. Автор е на 13 книги од оваа област, а докторската дисертација на тема „Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони" ја има одбрането во Софија, пред Специјализиран научен совет на Вишата атестациска комисија при бугарската Академија на науки.
Тој е еден од тројцата македонски автори во состав на меѓународниот тим на Проектот REEP Plus (Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme) кој ја изработи новата подзаконската регулатива на Законот за енергетска ефикасност (Правилник за енергетски карактеристики и енергетска контрола на згради).
Повеќе од 15 години го водел Техничкиот комитет ИСРМ ТК8 за стандарди од областа топлински карактеристики на згради, во рамките на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.
Активно соработува со соодветните комитети во CEN (Европски комитет за стандардизација) и во ISO (Меѓународен комитет за стан дардизација).
Како вонреден професор предавал градежна физика, обновливи извори на енергија и одржлива архитектура на додипломски и пост дипломски студии на универзитетите ФОН и МИТ.
Со свои стручни трудови учествувал на повеќе меѓународни конфе ренции на горната тема. Учесник е во повеќе меѓународни проекти за енергетска ефикасност и енергетска рехабилитација на згради (GTZ, KWI, SMAQVa, CARDS 2002, AEA, UNDP, GIZ)
PAST EVENTS