На 25.10.2023 година, со почеток во 12 часот, во просториите на КОАИ, Компанијата Saint-Gobain Isover ќе одржи стручна презентација насловена Isover Technical Insulation (Техничка изолација Isover).
Во рамките на стручната презентација на компанијата Saint-Gobain ќе се претстават решенијата кои Isover ги има во областа на Техничката изолација, а целата презентација е поврзана со решенијата за греење, воздух, климатизација и вентилација-HVAC.
Предавач: Иван Милосављевич, Менаџер за техничка изолација за Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора од компанијата Saint-Gobain.
UPCOMING EVENTS
PAST EVENTS