Настанот со тема „Системи за заштита и рано алармирање“ е во организација на одделението на електро инженери при Комората. Предавачи на настанот ќе бидат истакнати и докажани електро инженери.
Темите се следните:
Краток преглед на регулативата за простори загрозени со експлозивна атмосфера во индустрија и некои карактеристични области каде таа се применува. Предавач: Фросина Сеизова
Примарни сегменти на противпожарна заштита на повекекатни објекти и интерконекција на системи за заштита од атмосфера загадена со CO2 и TNG. Предавач: Василев Славчо
Заштита на продори на кабли при влез во објект и при премин од една во друга пожарна зона. Предавач: Томиќ Слободан