Имаме особена чест да ве поканиме на стручно предавање кое е резултат на успешната меѓународна соработка на наши колеги во рамките на програмата YTILI (Young Transatlantic Innovation Leaders Initiative), поддржана од U.S. Department of State.
Како дел од проектот за реципрочна размена (Reciprocal Exchange Project), во посета на Македонија престојува проф. Џејмс Кар од Универзитетот во Арканзас, Литл Рок.
“Construction Regulations in the United States”
Фокусот на предавањето ќе биде насочен кон практичната примена на американските стандарди и споредба со локалната регулаторна рамка, опфаќајќи ги следните клучни области:
Процес на развој и имплементација на градежните кодови.
Стандарди за безбедност и здравје при работа и нивна усогласеност.
Регулативи за пристапност (Americans with Disabilities Act).
Еколошки регулативи во современата градежна пракса.
Со повеќе од 30 години академско и професионално искуство во областа на градежните регулативи, кодови, безбедносни стандарди и управување со изградба, тој важи за врвен експерт во својата област. Активно е вклучен во работата на Националната асоцијација на градежници на домови (NAHB) и Асоцијацијата на училишта за градежништво. Автор е на бројни меѓународни научни трудови и е добитник на признанието „Outstanding Educator“ за неговиот исклучителен придонес во едукацијата во градежниот сектор.
PAST EVENTS