iso logo 2023

×

Message

EU e-Privacy Directive

This website uses cookies to manage authentication, navigation, and other functions. By using our website, you agree that we can place these types of cookies on your device.

View Privacy Policy

You have declined cookies. This decision can be reversed.

Промоција на „Каталог на линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони”, од Проф д-р Петар Николовски.

Category
Домашни
Date
18 Sep 2017 12:00 - 14:00
Venue
Дополнително ќе биде утврдено
Telephone
+389 2 3222 356
Email
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Во издание на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ, во тек е печатењето на најновата книга на д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх., под горниот наслов. Топлинските мостови се “најегзотичниот“ дел од градежната физика, бидејќи математичките процедури за пресметка на нивните физички параметри се многу комплицирани и бараат употреба на скапи софтвери, што во секојдневната практика за стручните лица претставува “невозможна мисија“. Затоа, проблемот се решава со каталози или атласи на топлински мостови, во коишто се пресметани основните физички големини на одреден број детали на топлинските мостови. Во повеќе европски земји постојат национални каталози на топлински мостови, но нивните детали се неупотребливи во земјите што лежат на трусни подрачја, какво што е подрачјето на Балканот и пошироко, целата југоисточна Европа. 
Причината за ова лежи во фактот што градежната регулатива во овие земји во однос на земјите од сеизмички неактивни подрачја е многу строга во однос на мерките за обезбедување сигурност од потенцијални земјотреси. А, исполнувањето на барањата за асеизмичка градба е поврзано со интензивната употреба на армирано-бетонски конструктивни елементи (столбови, серклажи, либажни слоеви, бетонски платна, натпрозорници итн.) кои се генератори на многу топлински мостови, непознати во градбата во сеизмички стабилните региони. 
Предметниот “Каталог на линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони“ има претензии да биде во употреба во земјите од бивша Југославија, Бугарија, Романија, Грција, Албанија, бидејќи европските директиви бараат и во овие земји влијанието на топлинските мостови да биде вклучено во пресметките за енергетските карактеристики на зградите. На 416 страници во Каталогот се обработени повеќе од 11 000 детали на топлински мостови и повеќе од 40 000 резултати за пресметани физички големини. 
Инаку, по дефиниција, топлинските мостови се делови од згради каде што се случуваат зголемени топлински загуби во однос на останатите делови, а последица на ова е кондензацијата на внатрешните површини на топлинските мостови, со појава на мувла. Од медицински аспект мувлата е многу опасна по здравјето, па затоа неопходна е соодветна анализа со цел во градбата да нема појава на кондензација. 
За да добиете увид во содржината на книгата подолу се дадени неколку слики, како и едно кратко видео. Промоцијата на книгата е планирана за во месец септември. 

 
 

CALENDAR OF EVENTS

Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

UPCOMING EVENTS

No upcoming event!

Visitors

Today325
This month14425
Total1257968

Комората е членка на Европскиот совет на инженерски комори

Комората е членка на Светската федерација на инженерски организации