Темата на предавање на проф. д-р Роман Кунич во КОАОИ ќе биде: Напредни иновативни супер-изолациски материјали за енергетска ефикасност на згради. Барањата во законската регулатива се рефлектираат врз сè поголеми и поголеми дебелини на топлинско-изолациски слоеви во надворешната обвивка на зградите. Напредните иновативни супер-изолациски материјали се одговор на барањата за големи дебелини на слоевите во надворешната обвивка. Европската директива го воведува изразот „близу до нула енергетски згради“.
Проф. д-р Роман Кунич е вонреден професор, виш научен соработник, истражувач и раководител на Катедрата за згради и градежни елементи (КЗГЕ). Дипломирал на Факултет за градежништво и геодезија во Љубљана во 1986 на тема „Акустика на зградите, просторот и акустична изолација". Во 1990 завршил магистерска теза под наслов „Компјутерски програм за анализа на осончување на згради и природно осветлување на простории“.
Подолу можете да преземете PDF документ со повеќе информации за предавањето
UPCOMING EVENTS
PAST EVENTS