Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка со Хабитат Македонија ги информираме членовите на Комората од Одделението на урбанисти и планери за отворен повик за за доставување на понуда за изработка на детални урбанистички планови за дел од урбани блокови, во реонот на Генерален урбанистички план на град Велес. Повикот ќе биде отворен до 25 јануари 2021 година (понеделник).
Повеќе детали за повикот можете да најдете на веб страната на Хабитат Македонија (или директно на линкот http://habitat.org.mk/povik)