Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Информација

Pin It

fasada bitolaНа почетокот од месец јануари 2021 година, во Битола под влијание на силен ветер настанале одредени оштетувања на објекти како последица на нестручна изведба (одлепување на стиропорна фасада, рушење на кровен покривач). Според информациите на нашите колеги од Битола во конкретните случаи не биле ангажирани членови на Комората, и покрај тоа што согласно Законот за градење само носители на овластувања од Комората може да вршат проектирање, ревизија, изградба и надзор на градби.

Комората на овластени архитекти и овластени Инженери ги повикува сите субјекти (инвеститори: сопственици, заедница на сопственици, управители на објекти) што имаат намера да пристапат кон градежно-инвестициски активности, да постапуваат согласно Законската регулатива (бидејќи градежништвото е регулирана дејност), односно да ангажираат економски оператори со соодветен инженерски кадар, за да се избегнат несакани штети, кои понекогаш може да бидат и од живото-загрозувачки карактер.

Комората ги повикува инспекциските служби на зголемена активност и спречување на вакви и слични појави на нестручна градба.

Комората на Овластени Архитекти и Овластени Инженери им стои на располагање на сите граѓани и заинтересирани лица за советување во врска со потребната документација и/или потребните постапки за специфичните градежно-инвестициски активности.