Распишани избори во Комора ОАИ

Печати

komora logo novo

Почитувани членови на Комората,

Подолу можете да ги преземете повторените повици за доставување кандидатури:

  • Повик за Претседавач и заменик на собрание - Предлози треба да се достават најдоцна до 11 јуни 2021 година
  • Повик за кандидатури за Потпретседател на Комора - Предлози треба да се достават најдоцна до 11 јуни 2021 година
  • Повик за кандидатури за раководител - градежни инженери - Рокот за достава на кандидатури е 7 јуни 2021 година

Подолу може да го преземете повикот за кандидатури за Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

  • Повик за кандидатури за Претседател на Комората

Кандидатура за Претседател на Комората може да поднесе секој активен член на Комората.

Рокот за достава на кандидатури е 25 април 2021 година, а деталите се во самиот повик.

 


Заврши електронското тајно гласање за избор на делегати во Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

На изборите имавме одлична излезност, гласаа 57% од вкупниот број на активни инженери.

  • Записникот од изборната комисија,
  • Резултатите од гласањето, со маркирани избрани делегати и 
  • Извадоци од резултатите (PrntScrn) од системот за електронско гласање.

Им честитаме на избраните делегати за мандатниот период 2021-2025 година.


Согласно утврдениот термин план за Изборите во Комора ОАИ на следниот линк може да преземете

  • Пресек на активно домашно членство од 20 април 2021 година
  • Кандидатски листи - финално - по региони и одделенија 26 март 2021 година
  • Број и распоред на делегати по одделенија и региони 

 

Упатствата за спроведување на изборите, прелиминарниот термин план и други документи поврзани со изборите можете да преземете во продолжение:

  • Одлука за распишување избори 2021 - 13 фев 2021 година
  • ФОРМУЛАР за предлагање на делегат во КОАИ, 2021
  • Упатство за избор на делегати, 2021
  • Упатство за избор на Претседател, 2021
  • Упатство за избор на УО, 2021
  • Предлог план за изборите 18 февруари - по датуми
  • Одлука од УО за број на делегати во Собранието на Комората
  • Табела членови-делегати по региони

Повеќе детали за изборите и повик за достава на кандидатури ќе следи околу 5 март 2021 година.

За изборен ден за делегати во Собранието на Комората се планира 3 април 2021 година, а новиот состав на Собранието ќе се конституира најдоцна до 30 април 2021 година.

Новиот состав на Собранието на Комората ќе избере нов Претседател на Комората на седница која е планирана за 29 мај 2021 година.

Со почит,
Проф. д-р Петар Цветановски, дги
Претседател на Централната изборна комисија во
Комора на овластени архитекти и овластени инженери