Новите европски награди Баухаус 2022

Печати

bauhaus nagradi2022

Почитувани членови на Комората, Европската комисија преку Новите европски награди Баухаус 2022 е во потрага на инспиративни примери за одлични проекти на четири тематски точки, од кои секоја има две паралелни натпреварувачки области:

  • Повторно поврзување со природата,
  • Враќање на чувството на припадност,
  • Давање приоритет на местата и луѓето на кои им е најпотребно и
  • Обликување на кружен екосистем и поддршка на размислување за животниот циклус.

Крајниот рок за поднесување е 28 февруари, 19:00 часот по средноевропско време. На линкот (преземи документ) можете да најдете информации за Новите европски награди Баухаус 2022.