Следејќи ги регионалните и светски трендови во градежништвото и во насока на подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот, а во согласност со сите достигнувања во ИТ индустријата, СЕМОС едукација нуди обуки за BIM технологијата со значителни попусти кои ги обезбеди КОАИ за активните членови на Комората.
Дигитализацијата на компаниите не е веќе прашање на избор, туку реална потреба за опстанок. Во Хрватска на пример, веќе 70% од проектите се изработуваат преку БИМ решенија. БИМ-от е навлезен во националните регулативи на повеќе држави како задолжителен софтвер при изработка на проекти при јавни набавки.
Building Information Modeling (BIM) е интелигентен процес базиран на богати 3Д модели, кој на архитектите и инженерите им нуди можност за поефикасно да ги испланираат, проектираат, градат и управуваат со зградите и инфраструктурата.
Со имплементираните БИМ решенија, реално е да се очекува значително намалување на потребното време за проектирање, повисок квалитет на проектната документација, редукција на трошоците за изградба од 33%, намалување на времето потребно за изградба за 50%, намалена емисија на СО2 за 50%.
За таа цел во соработка со најголемиот авторизиран центар во Македонија, СЕМОС Едукација овластен за обуки на Microsoft, Cisco, Oracle, ЕC-Council, AWS, Adobe и Autodesk во Македонија и како прв Microsoft Gold Partner for Learning Solutions и авторизиран Certiport тестинг центар отвораме можност за посета на еден од курсевите под исклучително поволни услови за активни членови на Комората.
BIM Технологија ги опфаќа следните пакети на обуки:
Секоја од обуките се состои од 40 наставни часа. Минимален број на учесници е 8 а максимален во една работна група е 12.
Вклучително со сите попусти, било која од обуките за активните членови на Комората би чинела 12.600 денари (со вклучено полагање на стручен испит, еден консултантски час и ваучер од Комората).
Плаќањето може да биде организирано на 2 рати.
Термини за пријавување и оформување на групите за пооделните обуки се:
- Прв рок за пријавување до 27.4.2022 – групите започнуваат кон средина на мај 2022 година и
- Втор рок за пријавување до 25.05.2022 – групите започнуваат на почетокот на јуни 2022 год ина
Предавачите се официјални инструктори од Autodesk и ги поседуваат следниве сертфикати: Autodesk Certified Instructor, Autodesk Certified Professional.
Динамиката на наставата и точните датуми за обуки, ќе се дефинираат по завршеното пријавување, и може да биде два или три пати неделно по 3 часа дневно (редовна група). Попладневен термини: од 17:00 - 19:30 часот или од 19:30 - 22:00 часот. Доколку се организира група само од членовите на комората, може да се договорат посебни термини. За секој слушател ќе биде обезбедена официјална литература на англиски јазик од Autodesk.
Согласно со новонастанатата состојба во Република Северна Македонија, а поврзано со појавата на Ковид-19 (корона вирус), наставата се организира On-line на платформата MS Teams.
За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот и положи испитот, следат два официјално и светски признаени сертификати од Autodesk (Autodesk Certified User - ACU), кои ги доделува Семос Едукација како Авторизиран Tренинг Центар и Академски партнер на Autodesk.
Сите заинтересирани можат да се пријават за едена или повеќе различни обуки на следниот ЛИНК (https://bit.ly/prijavaBIMobuki).